Рома со поддршка за напаѓачот на Порто по расистичките напади

Фудбалерите на Порто синоќа на гостински терен славеа против Гимараеш со 1-2, но мечот го обележа скандалот на навивачите на домашниот клуб. Во средината на второто полувреме навивачите на Гимараеш на расна основа го навредуваа напаѓачот на гостите, Муса Марега кој одлучи да го напушти теренот.

Соиграчите се обидоа да го спречат во таа намера, но фудбалерот не сакаше да се врати на теренот. Марега доби голема поддршка од јавноста, а јавна поддршка му дадоа и од италијанскиот гигант Рома.

„Гордо стоиме покрај напаѓачот на Порто Муса Марега. Сите имаме одговорност да се бориме против расизмот било кога и било каде“, порачаа од Рома. 

 

Се вчитува...