Роман Бурки на голот на Борусија Дортмунд до 2023

Швајцарскиот интернационалец Роман Бурки ја продолжи верноста кон Борусија Дортмунд до 2023 година. Тој се согласи за продолжување на соработката за дополнителни две сезони, со оглед дека актуелниот договор има важност до јуни 2021.

„Задоволни сме што го продолживме договорот со Роман Бурки. Тој е еден од најконстантните голмани во Бундес-лигата и сакаме уште долго да биде дел од Борусија Дортмунд“, изјави спортскиот директор на клубот, Михаел Зорк.

Роман Бурки дојде во Борусија Дортмунд во 2015 година од Фрајбург. Тој досега одигра 206 натпревари за „црно-жолтите“ и успеа да ја сочува мрежата 75 пати.

 

Се вчитува...