Интер ова лето се одлучи да се раздели со долгогодишниот стратег Симоне Инзаги, Италијанецот кој им донесе бројни радости на навивачите на клубот од Милано и да започне нова ера со подмладување на составот.
А, задачата во најмала рака да го повтори успехот му припадна на романскиот стратег Кристијан Чуву кој денеска и официјално беше претставен како нов страег потпишувајќи договор со важност до јуни 2027 година.
За сега 44-годишниот стратег ова претставува и враќање на добро познато место бидејќи беше дел од Интер од 2007 до 2014 година завршувајќи ја кариерата на „Џузепе Меаца“, а потоа беше и дел од младинските категории од 2018 до 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА