Романија без Шимицу во баражот со Македонија

Левиот бек на репрезентацијата на Романија, Александру Шимицу има повреда на рамото и ќе го пропушти јунскиот бараж за СП 2019 против Македонија. Романскиот репрезентативец кој настапува за францускиот Ст.Рафаел, го повредил рамото на шутерската рака, деновиве бил опериран и за него сезоната е завршена.

Шимицу е еден од од клучните играчи во репрезентацијата на Романија и неговото отсуство најверојатно ќе биде голем проблем за селекторот Чави Пасквал во јунскиот бараж, што реално ги зголемува шансите на Македонија во овој двомеч да избори место на СП 2019 во Германија и Данска.

Во отсуство на Шимицу, изборот на левата бековска позиција во репрезентацијата на Романија останува само на Дан Ракотеа и Јонут Рамба.

Бараж дуелите за СП 2019 ќе се играат во првата половина на јуни годинава. Првиот натпревар македонија ќе го игра на домашен терен (8-10 јуни), а реваншот е во Романија (12-14 јуни).

Се вчитува...