Романката сепак бронзена, Американката Чајлс остана без медалот на ЛОИ

Одлуката на Судот за спортска арбитража (CAS) и го врати на романската гимнастичарка Ана Барбоса бронзениот медал што го освои минатиот вторник во финалето на партер, кој и беше одземен по жалбата на американската репрезентација и доделен на Џордан Чајллс, која првично заврши на петтото место.

Судскиот совет на CAS пресуди во корист на 18-годишната Романка, бидејќи е направена процедурална грешка во жалбената постапка. Според прописите на Меѓународната гимнастичка федерација, рокот за жалби на натпреварите е една минута од моментот на објавување на резултатите. Во Париз американската жалба стигна „по минута и четири секунди“ од објавувањето на оценката за Џордан Чајлс.

Поради ова, CAS пресуди резултатот на американската гимнастичарка да остане 13.666, со што се врати на петтото место, а Ана Барбоса доби бронзен медал.

„Не можам да верувам. Кога ја слушнав веста се исплашив дека не е вистина, а кога ме уверија дека е, ги прегрнав родителите и им се јавив на сите што ми помогнаа“, изјави Барбоса за медиумите во Романија.

Бразилката Ребека Андраде го освои златниот медал, додека сребрениот медал и припадна на најуспешната гимнастичарка во историјата Американката Симоне Бајлс.

Се вчитува...