Романо: Меси не сака да ја прифати понудата на ПСЖ, не е работата во парите

Лионел Меси и покрај тоа што е пред крај на договорот со ПСЖ, се уште нема договор со клубот за продолжување на соработката. Челниците на клубот постојано се на состаноци со таткото на Меси, но договор не е постигнат.

Најпознатиот европски новинар кој се занимава со трансфери, Фабрицио Романо објасни каква е ситуацијата со Меси.

„Меси доби предлог од ПСЖ за продолжување на договорот, и не бараше да има плата како останатите играчи. Во овие преговори главниот фактор не се парите. Меси сака да разбере која би била неговата улога во ПСЖ и како клубот ќе изгледа следната сезона ако го продолжи договорот. Затоа не му се брза и се уште е во преговори“ – вели Романо.

Се вчитува...