Мартин Одегард е нов фудбалер на Арсенал и од редовите на Реал Мадрид, објави добро упатениот Фабрицио Романо. 23-годишниот Норважанец кој беше на позајмица кај „топџиите“ претходната сезона инспирараше со своите настапи во лондонскиот состав па ова лето се најде и на врвот на приоритетната листа на Микел Артета.
Овој трансфер Арсенал ќе го чини 35 милиони евра, кој подоцна може да достигне и 39 милиони со бонуси, а тимот од „Емирати“ ќе се обиде да ги финализира деталите и да го регистрира новиот играч пред петок со цел Одегард да биде дел од тимот кој ќе се сретне со градскиот ривал Челси в недела.
Покрај Одегард, Арсенал работи и на ангажманот на голманот на Шефилд Јунајтед, Арон Рамсдејл, а останува само двата клуба да ја договорат сумата за која младинскиот репрезентативец на Англија ќе се пресели во редовите на тимот од северен Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА