Ромањоли потпиша нов договор со Милан до 2022 година

Италијанскиот репрезентативец Алесио Ромањоли го продолжи договорот со Милан до 2022 година. За него се интересираа неколку европски гиганти, но тој одлучи да остане на „Сан Сиро“ и да ја потпише нов четиригодишен договор.

Ромањоли дојде во Милан во 2015 година од редовите на Рома за сума од 25 милиони евра и веќе забележа повеќе од 100 настапи за „росонерите“. Со 23 години, дефанзивецот е веќе стандарден член на италијанската фудбалска репрезентација.

Се вчитува...