„Романтичарите“ денеска на тест со Пелистер, па на мини – турнеја во Бугарија

Макеоднскиот прволигаш Работнички продолжува со одигрување на пријателски натпревари во пресрет на стартот на новата сезона во Првата лига. Денеска тимот на Ѓоре Јовановски ќе одигра тест – средба со Пелистер, со почеток во 17 часот, на игралиштето на Алумина во Скопје, а утре ќе следи и мини – турнеја во Бугарија.

Работнички утре, со почеток во 17 часот по македонско време ќе одигра меѓународен пријателски меч со кипарскиот тим АЕЛ Лимасол во Правец (Бугарија). Следниот ден, е закажан уште еден пријателски меч, против бугарскиот тим Витоша Бистрица (17 часот по македонско време) во Софија.

„Романтичарите“ се обудуваат да се вратат во натпреварувачки ритам, по настапот во Лигата на Европа, каде беа елиминирани од унгарскиот претставник Хонвед.

Се вчитува...