„Романтичарите“ ги договорија тестовите за подготовките во Анталија

Фудбалскиот прволигаш Работнички и оваа зима ќе замине на подготовки во турската база Анталија, каде ќе престојува во Анталија од 22.јануари до 1.февруари. Договорени се четири пријателски натпревари со кои составот на Горан Станковски ќе ја кова формата за пролетниот дел од шампионатот.

На 24.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Габала (Азербејџан), а два дена подоцна ќе тестира против Кешла (поранешен Интер Баку), исто така прволигаш од Азербејџан.

На 29.јануари противник на Работнички ќе биде рускиот тим Динамо Санкт Петербург, а на 31.јануари ќе следи тестот против украинскиот прволигаш Мариупол.

Се вчитува...