„Романтичарите“ ги одработија подготовките во Анталија и се вратија во Скопје

Македонскиот прволигаш Работнички ги заокружи десетдневните подготовки во турската база Анталија и попладнево се врати во Скопје. Глазурата на формата пред почетокот на пролетниот дел ќе се реализира во сопствената база, а „генералката“ ќе биде на 7 февруари против Беласица.

Тренерот на „романтичарите“, Горан Станковски, е задоволен од реализираните активности на подготовките во Анталија.

„Мислам дека одработивме одлични подготовки. Задоволен сум секако од условите што ги имавме во Анталија, како и од нашата реализирана програма. Новите фудбалери се вклопија добро во нашиот тим, ја прифатија филозофијата на играта, и сега останува да финишираме со подготовките во Скопје, пред почетокот на пролетниот дел од првенството. Ќе имаме генерална проверка против Беласица, најважно е дека здравствениот билтен е одличен и сега ќе се фокусираме на сите детали за да бидеме максимално подготвени за вториот дел од сезоната“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...