„Романтичарите“ отпатуваа на подготовки во Анталија (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Работнички ја замени снежната Македонија со сончевата Турција. „Романтичарите“ утрово отпатуваа за Анталија. Втората фаза од зимските подготовки ќе ја реализираат во турскиот туристички центар кој нуди одлични услови за работа. Традиционална база на Работнички е хотелот „Миракл“, а екипата ќе остане во Турција до 6.февруари.

Според планот на тренерот Жикица Тасевски, акцент ќе биде ставен на воигрување на тимот. Закажани се три пријателски натпревари со меѓународни противници. На 1. февруари Работнички ќе тестира со грузискиот тим Сабуртало, ден подоцна ќе ги одмери силите со корејскиот клуб Поганг Стилерс, а на 5.февруари ќе следи натпреварот против српскиот првак и годинашен учесник во Лигата на шампионите, составот на Црвена Звезда.

Се вчитува...