Македонскиот прволигаш Работнички веќе неколку дена е во Анталија и се подготвува за пролетниот дел од првенството. Условите за работа во хотелот „Миракл“ и тренинг комплексот се одлични, а тренерот Жикица Тасевски истакнува дека вниманието е насочено на воигрување на тимот по линии, откако беа ангажирани поголем број нови фудбалери во зимскиот преоден рок.
„Подготовките течат со добро темпо, вниманието ни е насочено на воигрување по линии, имаме доста нови играчи на кои им треба адаптација. Меѓутоа, задоволен сум од посветеноста и ангажманот на сите, треба малку и трпение за тоа што се работи на тренинзите да почне да функционира и за време на натпреварите. Токму затоа и ќе одиграме неколку пријателски натпревари во Анталија“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА