„Романтичарите“ со еден од последните чекори во надежта за европски излез: Мора да се победи Шкупи!

Работнички успеа да го добие дербито против Вардар со 0-1 и се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 41 бод… Сето тоа како мотив плус за составот на Ѓоре Јовановски пред новиот предизвик и денешната пресметка со Шкупи во 31. коло од ПМФЛ.

Мегдан на два тима за кои се уште постојат надежите за европски излез, очекувајќи Шкендија сезонава да стигне и до трофејот во Купот на Македонија…

„Не очекува нов огромен предизвик, дуелот против Шкупи. Знаеме дека тоа е тим кој ни е еден од конкурентите за излез на европска сцена, и затоа мора да останеме фокусирани максимално. Ако сакаме позитивен резултат секако мора да се одигра ангажирано во текот на сите 90 минути. Овој меч може да биде сериозен патоказ за финишот на сезоната“ – вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски.

Од таборот на Шкупи посакуваат фер и коректен натпревар, верувајќи дека може да дојдат до посакуваните бодови.

ПМФЛ – 31. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Струмица: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...