„Романтичарите“ со силни тестови: Динамо Загреб, Сараево, Триглав, Домжале…

Тимот на Работнички се наоѓа на подготовки во словенечката база Терме Чатеж во Словенија, каде ќе има четири тестови со квалитетни ривали. По поразот (0-3) од бугарскиот прволигаш Славија Софија во Банско, тренерот Ѓоре Јовановски сака да ја провери формата на фудбалерите со силни екипи и во Словенија.

На 23 јуни Работнички ќе одигра пријателски натпревар со хрватскиот шампион Динамо Загреб, два дена подоцна ќе следи со босанскиот клуб Сараево. На 28 јуни ривал ќе биде словенечкиот прволигаш Триглав, а серијата тестови во Словенија ќе заврши со Домжале.

Работнички на 1 јули се враќа во Македонија и ќе продолжи да се подготвува на домашно тло за дуелите против унгарскиот Хонвед, во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

Се вчитува...