„Романтичарите“ в сабота на гости кај Раднички Ниш

Македонскиот прволигаш Работнички ќе ја искористи репрезентативната пауза за да одигра меѓународен пријателски натпревар против српскиот клуб Раднички Ниш. В сабота, на стадионот Чаир во Ниш, составот на Ѓоре Јовановски ќе ги одмери силите со клубот што игра во елитната конкуренција кај нашиот северен сосед.

„Ќе го искористиме овој вакуум за да одиграме пријателски натпревар со Раднички Ниш. Да ја сочуваме натпреварувачката форма и да добиеме ново меѓународно искуство. Истовремено, и да корегираме дел од грешките кои се јавија на првите натпревари од новиот шампионат“, изјави шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, за официјалниот сајт на клубот.

Натпреварот меѓу Раднички Ниш и Работнички ќе се одигра в сабота, со почеток во 19 часот на стадионот „Чаир“.

Се вчитува...