Романциите го величаат својот голман: „Супермен Ница“ не спаси од пораз во Скопје

Романските медиуми во анализите за синоќешниот натпревар во Скопје го величаат својот голман Флорин Ница, издвојувајќи го како убедливо најзаслужниот за освоениот бод од средбата со Македонија.

Согласно оценките на романска „ГСП“, Ница е играч на мечот со оценка 9.

„Супермен Ница. Во неколку наврати одлично интервенираше спречувајќи погодок во својата мрежа“ – пишува ГСП. Според Романците втор најдобар фудбалер на мечот е дефанзивецот Влад Кирикаш со оценка 8, а од македонскиот состав со 8 се оценети Барди, Елмас и Стефан Ристовски.

Според дел од фудбалските аналитичари во Романија, нивната селекција игра лоши квалификации за СП 2022 а единствено Ница е „виновникот“ што се уште се во игра за второто место во групата.

Се вчитува...