Романците без изненадувања во списокот за Македонија

Романскиот селектор Тудор Костеску го објави списокот од 15 кошаркари на чии услуги ќе смета на последните претквалификациски натпревари за Евробаскет 2021 против Македонија (21 февруари во Плоешти) и Косово (24 февруари во Приштина). Костеску останува доследен на трендот на подмладување на репрезентацијта, па романскиот кормилар повторно не ги повика најискусните кошаркари од оваа земја, кои не настапија ниту на првиот натпревар во Скопје.

Добра вест за Романците е враќањето на Николеску и Кате, кои поради повреди не беа во комбинација за последниот дуел со Косово во ноември 2018 година, но сега се здрави за да му помогнат на националниот тим. Единствено неизвесен е настапот на Јулијан Орбеану, кој се уште е повреден, но Костеску ќе му даде шанса да се рехабилитира навреме за да се приклучи на репрезентацијата доколку во меѓувреме ги надмине овие проблеми.

Само за потсетување, Македонија може да си дозволи и пораз до 14 поени разлика во Романија за да се задржи на врвот на табелата во својата група, што ќе значи пласман во главните квалификации од Евробаскет 2021.

Се вчитува...