Романците имаат оркестар на трибини за мечот со Македонија (ФОТО)

ЕКИПА во Букурешт,

Стеван Цаневски

Билетите за денешниот дуел (17 часот)  меѓу Романија и Македонија не се целосно распродадени според информациите од организаторот, но домаќините дефинитивно ќе имаат гласна поддршка во текот на целиот натпревар.

За таа цел, на еден од аглите од трибините е сметен музички оркестар од 50-ина лица, опремени со удирачки и со дувачки инструменти. Според она што може да се забележи на загревањето, Романците подготвуваат шоу на трибините, се со цел да им се даде ветер во грб на ракометарите во обид да ги достигнат оние „минус осум“ од Скопје.

Во македонскиот табор сепак има доволно искусни ракометари за да не дозволат изненадување во Букурешт.

 

Се вчитува...