Романците избраа 12 кошаркари за мечот со Македонија

Романскиот селектор Тудор Костеску денеска го објави списокот од 12 кошаркари кои ќе настапат за оваа репрезентација на утрешниот натпревар против Романија. И самиот романски кормилар во пресрет на овој дуел се соочуваше со проблеми, но Костеску ќе може да смета на најдобрите кошаркари од првиот меч во Скопје, Американецот Вотсон, потоа Никулеску и Кате, кои постигнаа 48 од вкупно 76-те поени на Романија во Скопје.

На списокот на романскиот селектор има само двајца интернационалци, Кате од шпанската АЦБ-лига и Олах, кој настапува во белгиски Мехелен.

Натпреварот меѓу Романија и Македонија на програмата е утре со почеток во 17 часот, со директен пренос на Македонската Телевизија.

СОСТАВ НА РОМАНИЈА:

Лукас Тохатан (Сибиу), Џордан Вотсон (Орадеа), Драгош Дикулеску (Темишвар), Мирел Драгоште (Сибиу), Џулијан Орбеану (Питешт), Тудор Георге (Питешт), Богдан Никулеску (Орадеа), Раду Вирна (Стеауа), Богдан Попа (Крајова), Александру Олах (Мехелен), Емануел Кате (Мурсија), Роланд Торок (Клуж).

Се вчитува...