Романците со екстра-засилување за реваншот со Македонија

ЕКИПА во Букурешт,

Стеван Цаневски

Романија нема намера предвреме да се откаже од борбата за пласман во следната квалификациска рунда за СП 2023, без оглед на негативата од осум гола што Романците ја имаат од првиот меч со Maкедонија во Скопје.

Доказ за тоа е и фактот дека селекторот Пасквал за денешниот реванш дополнително го повика Хавиер Хумет, шпанскиот ас со романски пасош кој ќе биде „џокер“ на домаќините во обид за чудесен камбек во двомечот со нашата репрезентација.

Хумет настапува на позицијата десен бек, а поголемиот дел од кариерата го мина во Романија, носејќи го дресот на Констанца, ЧСМ Букурешт, Стеауа и сега на Динамо Букурешт, тим со кој настапува во Лигата на Шампионите. Тој поради семејна трагедија (смрт на неговата сопруга) ги пропушти подготовките и не настапи во Скопје, но на инсистирање на Пасквал се приклучи на репрезентацијата во Букурешт и се најде во составот за денешниот реванш.

Се вчитува...