Ромелу Лукаку е избран за најдобар фудбалер во Лигата на Европа

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку е добитник на наградата за најдобар фудбалер во сезоната во Лигата на Европа за минатата година. Белгискиот интернационалец со седум гола минатата сезона ги водеше „нероаѕурите“ до финалето каде беа поразени од Севилја.

Лукаку имаше одлична прва сезона во дресот на клубот од „Џузепе Меаца“ поради која ја доби наградата за најдобар фудбалер во најмасовното европско фудбалско натпреварување.

 

Се вчитува...