Ромеро донесе нов триумф на Еспањол

Еспањол продолжува со одличната игра во новата сезона. Во 10. коло од шпанското првенство каталонскиот тим славеше со 1-0 на домашен терен против Елче.

Стрелец на единствениот гол на средбата беше Ромеро кој ја затресе мрежата во 47. минута од средбата.

Со овој триумф Еспањол се искачи на третата позиција на табелата со 18 освоени бодови, но и со натпревар повеќе во однос на Вилајреал, Атлетико Мадрид и Бетис.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...