Ромеро сака во Интер, но проблем е…

Кристијан Ромеро е цврсто решен да го напушти Тотенхем летово, се со цел повторно да игра во клуб со високи амбиции со кои би бил дел и од Лигата на Шампионите.

Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој сака да се врати назад во Италија и приоритет дава на преговорите со Интер, но голем проблем останува високата отштета што ја бара Тотенхем. „Спарси“ веќе го потпишаа Ван Хеке од Брајтон како замена за Аргентинецот, но немаат намера да отстапат од сумата од 50 милиони евра што ја бараат за својот капитен.

Интер од друга страна не нуди повеќе од 30 милиони, па ќе  биде исклучително тешко двете страни да најдат заеднички јазик за овој трансфер да може да се комплетира.

Ромеро пристигна во Италија во 2018 година потпишувајќи за Џенова, потоа настапуваше и за Јувентус и Аталанта пред да се пресели во Премиер-лигата.

Се вчитува...