Ромеро спаси бод за Јунајтед во Саутемптон

Саутемптон и Манчестер јунајтед ремизираа 0-0 во заостанатиот меч од Премиер-лигата, кој беше без поголемо резултатско значење и за двата тима.

Ромеро повторно доби шанса пред Де Хеа на голот на Јунајтед, што се покажа како одличен потег на Мурињо бидејќи аргентинскиот голман веќе во 5. минута му одбрани пенал на Габиадини.

Во мечот без поголеми возбудувања гостите најубавата шанса ја имаа во 72. минута, кога шутот на Марсијал заврши само во рамките од голот на Саутемптон.

На едно коло до крајот, тимот на Жозе Мурињо се наоѓа на шестото место на табелата, без можност за пад или напредок без оглед на резултатот на последниото меч против Кристал палас.

Sergio Romero Amazing Penalty Save HD… by fabiolafarrelly

Се вчитува...