Кристијан Ромеро одигра уште еден максимално борбен меч во одбраната на Аргентина, а дефанзивецот на Тотенхем по големиот триумф веднаш го „поздрави“ Гери Невил, од кого беше жестоко критикуван во пресрет на ова полуфинале.
Невил во емисијата “Overlap” ги опиша Ромеро и Лисандро Мартинез како најлош штоперски тандем во историјата, примајќи гол по нивна вина на речиси секој натпревар.
„Би сакал да ја искористам можноста да испратам прегратка до Гери Невил. Јас и Лисандро, бевме дополнително „запалени“ бидејќи видовме што кажа пред натпреварот. Такви се Англичаните, секогаш сакаат да зборуваат пред натпреварите, а потоа… Само една работа ќе кажам, се надевам дека кога ќе ја завршам кариерата нема да бидам глупав како Гери. Не е поентата на излезеш на телевизија и да критикуваш фудбалери, сите ние овде даваме се од себе за своите репрезентации. Некогаш ќе заврши позитивно, некогаш не… сега можеме да славиме бидејќи повторно ќе играме финале на светско првенство“, истакна Ромеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
