Роналдињо: Мило ми е и за Меси и за ПСЖ

Трансферот на Лионел Меси во ПСЖ е главна вест во фудбалската јавност, а денеска се огласи и Роналдињо, уште еден фудбалски генијалец кој во кариераа имаше можност да нстапува за ПСЖ и за Барселона.

Тој ја поздрави одлуката на Меси кога веќе се случи да мора да си замине од Барса, тоа да биде токму во редовите на „светците“ од Париз.

„Многу сум среќен, мило ми е и за Меси и за ПСЖ. Јас ги бранев боите на Барселноа и на ПСЖ, сега истото ќе го стори и мојот добар пријател. Верувам дека Лео ќе им донесе бројни моменти на радост на фановите на ПСЖ. Ми мириса на пехар во ЛШ, бидејќи клубот донесе уште неколку врвни засилувања, пред се тука би го истакнал Серхио Рамос“, истака Роналдињо.

Се вчитува...