Роналдињо: ПСЖ е најдобар клуб во светот, имаат шанси да освојат ЛШ

Поранешниот фудбалер на ПСЖ Роналдињо, зборуваше за својот поранешен клуб. Тој смета дека во моментов со овој играчки кадар, ПСЖ е најдобар клуб во светот, и очеува да ја освојат Лигата на шампионите во скоро време.

„Сите играчи во светот сакаат да играат во ПСЖ. Најдобрите се во ПСЖ. Тоа е најдобриот клуб во светот. Претпоставувам дека Мбапе ќе остане уште долго. За кариерата е одлично да ја освои Лигата на шампионите. Тој е толку млад, а веќе има постигнато многу. Мислам дека само му недостига ЛШ.

Сите сега замислуваат дека имаат шанси да ја освојат ЛШ поради тоа што имаат одлични играчи“, рече Роналдињо.

Бразилецот играше за клубот од Париз две години, односно од 2001 до 2003, а потоа замина во Барселона, а играше и за Милан, Фламенто, Атлетико Минеире, Куеретаро и Флуминензе.

Се вчитува...