Роналдињо со порака до навивачите на ПСЖ: Ако го навредувате најдобриот на светот, на кого ќе му аплаудирате?

Бразилската легенда Роналдињо има убави спомени од периодот кога го носеше дресот на ПСЖ, но сега јавно ги критикуваше фановите на францускиот клуб. Роналдињо не може да поверува дека тие имаат храброст да го исвиркуваат Лионел Меси, кој ја игра првата сезона во Париз.

Роналдињо потенцираше дека е неопходно на Меси да му се отстапи поголем простор за адаптација и да се има разбирање за неговата моментална форма. Бразилецот ги потсети фановите дека имаат привилегија на својот стадион да го гледаат најдобриот фудбалер на светот.

„На Меси му е тешко бидејќи пристигна во Франција по многу години во кои играше во еден клуб и со различен стил на игра. Нормално е дека му е потребна адаптација, а за тоа треба време. Не ги разбирам навивачите на ПСЖ кои го исвиркуваа, што останува ако го исвиркувате Меси? Ако го навредуваш најдобриот на светот, на кого ќе му аплаудираш …?“, изјави Роналдињо.

 

 

 

 

 

Се вчитува...