Роналдињо со совет до Халанд: Манчестер јунајтед и мене ми нудеше повеќе пари, но ја избрав Барселона

Фудбалската легенда на Бразил и екс-играч на Барселона, Роналдињо упати совет до Ерлинг Халанд да си го исполни сонот наместо да брка пари кога ќе го избира следниот клуб. Ерлинг Халанд до крајот на месецот ќе одлучи за својата иднина.

Манчестер јунајтед, но и Реал Мадрид исто така се во трката, како и Барселона, но „каталонците“ имаат најмали шанси со оглед на тоа дека се во тешка финансиска криза и имаат ограничени средства за ангажман на нови играчи. Поранешниот играч на „каталонците“, Роналдињо даде свое видување на работите и му порача на Норвежанецот да си го исполни сонот наместо да брка пари.

„Во 2003, имав можност да одам во Манчестер јунајтед, нивната понуда беше најдобра кога се во прашање парите. Но јас ја одбрав Барселона бидејќи од дете сонував за настап во овој клуб. Халанд треба да си го исполни сонот наместо да ги брка парите“, изјави легендата на Бразил.

Се вчитува...