Роналдињо: Верувам во чудо на Барса, посакувам пресврт како оној во 2004. година

Реал Мадрид има 12 бода во однос на Барселона, тим кој по драматичен меч успеа синоќа да го совлада Леванте, покажувајќи уште еднаш дека не се откажува од борбата за титулата во Ла Лига.

Според многумина, тимот на Карло Анчелоти лесно ќе дојде до целта, но Чави како тренер, а сега и Роналдињо како легенда на Барселона се уште веруваат во чуда.

Роналдињо беше дел од тимот на Барселона кој во 2004-та година надокнади 18 бода негатива од Реал Мадрид и заврши пред „кралевите“ на табелата, сепак тоа беше недоволно за титула бидејќи шампион беше Валенсија.

„Во сезоната 2003-04 направивме голем пресврт и се вративме после 18 бода негатива од првопласираниот Реал Мадрид. Тоа беше многу убав пресврт на табелата и сметам дека може да се случи повторно. Ќе нагласам дека Чави направи повторно да уживаме кога ја гледаме Барселона и верувам дека се е можно до крајот на сезоната. Има уште многу бодови во игра и се е можно“, изјави Роналдињо во интервјуто за ‘Мундо Депортиво’.

Се вчитува...