Роналдо без „влакна на јазикот“: Доста е од тебе…, видовме на СП дека повеќе не можеш!

Кристијано Роналдо зад себе има Светско првенство кое не помина според очекувањата. Португалскиот напаѓач беше една од најголемите ѕвезди на турнирот, но неговите настапи не задоволија многу критичари.

Капитенот на Португалија на Светското првенство 2026 ова лето постигна три гола, од кои два беа од игра и еден од пенал, но не успеа да остави голем белег.

Португалците го завршија натпреварувањето во осминафиналето, а многумина го критикуваа 41-годишниот напаѓач по елиминацијата, верувајќи дека повеќе не може да го обезбеди она што се очекува од него на најголемата сцена.

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио, еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, зборуваше на оваа тема, нагласувајќи дека секој фудбалер во одреден момент мора да прифати дека неговото тело повеќе не може да ги следи неговите желби и амбиции.

„Во основа, вашето тело ви кажува кога повеќе не можете да го направите тоа. Мислам дека и Кристијано и Нејмар достигнаа одредена точка со своите тела. Борбата против сопственото тело е многу тешка“, рече Роналдо Назарио.

Бразилецот истакна дека Роналдо можеби сè уште има квалитет за настап во Саудиска Арабија, но дека мундијалите се сосема поинакво ниво на предизвик.

„Можеби сè уште има ниво за да игра во Саудиска Арабија, но да игра на Светското првенство… Сфаќате дека е многу потешко, нивото е повисоко. Без оглед на нашата страст и љубов кон фудбалот, на крајот телото одлучува кога е време да се заврши. Од Роналдо видовме дека повеќе не може“, додаде легендарниот напаѓач.

Роналдо Назарио се осврна и на сопственото искуство, признавајќи дека самиот морал да го прифати крајот на кариерата кога физички повеќе не можел да го следи она што го сака.

На последното Светско првенство, Кристијано Роналдо играше цело време на сите пет натпревари на Португалија. Иако успеа да постигне неколку голови, тој не беше на нивото на кое фудбалскиот свет беше навикнат за време на неговата кариера.

Сепак, без оглед на критиките, Роналдо останува еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, а прашањето за неговото збогување од репрезентацијата ќе продолжи да биде една од главните теми во следниот период.

Се вчитува...