Роналдо даде еврогол и доби црвен, а „кралевите“ ја нокаутираа Барса

Европскиот шампион и првак на Ла Лига, Реал Мадрид, откако дојде во Скопје и го победи Манчестер јунајтед во Суперкупот на Европа, отиде на „Камп Ноу“ и ја нокаутира Барселона со 1-3 во првиот меч од Суперкупот на Шпанија. „Кралевите“ делуваа моќно, а Кристијано Роналдо, кој влезе во вториот дел, постигна еврогол, а потоа и заработи црвен картон поради „глума“.

По првото полувреме во кое немаше возбудувања, Пике си постигна автогол во 50.минута по центаршутот на Марсело од левата страна. Израмни Лионел Меси од пенал во 76.минута, но само четири минути подоцна Кристијано Роналдо постигна еврогол. Го прослави на свој начин и заработи жолт картон, а само две минути потоа доби и втор поради наводна „глума“ за пенал.

Сепак,„кралевите“ и со играч помалку постигнаа уште еден гол, и тоа еврогол на Марко Асенсио во 90.минута од средбата.

Barcelona vs Real Madrid 1-3 – All Goals… by footballgoalshow

Се вчитува...