Роналдо до Дел Пјеро: Се уште плачам што не освоив титула со Интер

Паузата од фудбалски возбудувања придонесе да почне нов тренд, па бројни фудбалски легенди преку разговори на инстаграм го привлече вниманието на спортската јавност. „Феноменот“ Роналдо и Алесандро дел Пјеро се најдоа и дискутираа на многу теми, меѓу другото и за контроверзната трка за титулата и недосудениот пенал врз Роналдо по стартот на Јулијано.

„Разбирам дека секој може да згреши, но некои работи ја надминуваа нормалата. Интер и Јувентус, тоа беше „студена војна“. Знам дека ти немаше ништо со тоа, факт е дека на Јуве не му требаше „помош од позадина“ за да победува“, му порача Роналдо на екс-капитенот на Јувентус.

Точно е, не ни требаше помош, но одредени моменти оставија дамка на целата сезона. Имаше тензија од сите страни, не само од Интер. Тоа се години со црна дамка за италијанскиот фудбал“, одговори Дел Пјеро.

Потоа, Роналдо се потсети и на 5 мај 2002 година, дуелот со Лацио и неочекуваниот пораз по кој „нероаѕурите“ останаа без скудетото.

„Бевме први, бодовите воопшто не му беа потребни на Лацио, но се случуваа чудни работи во тој период. Се зборуваше дека трансферот на Неста во Интер е завршена работа, па премногу опуштени заминавме за Рим. Тоа е рана што не се лечи, секоја година плачам кога и да видам своја фотографија од тој меч“, вели Роналдо.

Се вчитува...