Роналдо доби уште една скулптура, овој пат руска ледена

Не помина ни една година од поставувањето на онаа прославена статуа на Кристијано Роналдо на Мадеира, а фудбалерот на Реал Мадрид доби нова монументална скулптура. Овој пат Португалецот е изработен во мраз а статуата е посатвена во Москва.

Иако општ консензус е дека Роналдо во мраз не е ни приближно толку грд како оној што „блесна“ во бронза, сепак општ е заклучокот дека ни овој Роналдо не личи многу на фудбалскиот великан што треба да го претставува.

Роналдо е еден од 40 статуи направени за Московскиот фестивал на мра, на кој по повод претстојното СП во Русија, направени се и скулптури од фудбалери.

Скулптурите се направени од две илјади тони мраз донесени од Бакалското Езеро и од другите езера во близина на Екатеринбург и на Архангелск.

Се вчитува...