Роналдо дојде на проба во Работнички

Роналдо пристигна на проба во македонскиот прволигаш Работнички. Носи славно име, но еквадорскиот интернационалец Роналдо Алдаир Вилја Лара ќе има неколку дена да покаже квалитет и да добие договор со „романтичарите“. Тој има 21 година и настапува на левата крилна позиција, а досегашен негов клуб е Клан Јувенил.

Работнички оваа зима значително се засили, доведе осум нови имиња во составот, а последното е дефанзивецот Стојан Стојчевски. И Роналдо ќе добие своја шанса, можеби уште на денешниот пријателски натпревар против Поханг стилерс кој е закажан за 12.30 часот по македонско време во Анталија. Првиот тест со грузискиот состав Сабуртало, тимот на Жикица Тасевски го доби со 2-1, со двата гола на Баже Илијоски.

Се вчитува...