Роналдо донесе бод за Јувентус во градското дерби на Торино (ВИДЕО)

Во градското дерби во 35. коло во Серија А, Јувентус и Торино одиграа без победник 1-1. Гостите поведоа со голот на српскиот интернационалец Саса Лукиќ во 18. минута, а конечните 1-1 ги постави Кристијано Роналдо кој по одличниот центаршут на Спинацола погоди во 84. минута.

Јувентус веќе одамна ја осигура осмата по ред титула во Италија, а за избраниците на Валтер Мацари до крајот на сезоната останува битката за освојување на едно од местата кои следната сезона носат во Европа.

Се вчитува...