Роналдо е човек за рекорди – денеска испишува нова страница во историјата на ЛШ

Кристијано Роналдо се навикна на уривање на рекорди, па денешниот дуел со Јанг Бојс е одлична можност за уште едно фантастично остварување на португалската суперѕвезда.

Имено, мечот во Швајцарија ќе биде вкупно 177. за Роналдо во Лигата на Шампионите, со што тој ќе се израмни со Икер Касилјас како играч со најмногу настапи во елитното европско натпреварување.

Кристијано Роналдо дебитираше во Лигата на Шампионите на дуелот со Штутгарт во 2013 година. Во изминатите 19 години тој досега одигра 176 средби во ЛШ, притоа постигнувајќи 134 гола, со што е убедливо најдобар стрелец во историјата на елитното европско натпреварување.

Се вчитува...