Роналдо е лош губитник: Исчезна по поразот во финалето (ВИДЕО)

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се најде во центарот на скандал откако одби да се појави на официјалната церемонија за доделување на сребрените медали, по поразот на неговиот тим Ал-Наср во финалето на Лигата на шампиони 2.

По завршувањето на финалниот натпревар, во кој саудискиот клуб претрпе пораз од Гамба Осака, португалскиот напаѓач демонстративно го напушти теренот. Роналдо воопшто не им се придружи на своите соиграчи и на членовите на стручниот штаб кои излегоа на подиумот за да го примат признанието за освоеното второ место.

Овој потег на капитенот на Ал-Наср наиде на лавина негативни реакции во светската спортска јавност, каде однесувањето на Роналдо беше оценето како неспортско и непочитување кон противникот и сопствениот тим.

Се вчитува...