„Роналдо е подготвен и мотивиран – Лигата на шампиони е негово омилено натпреварување“

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, вели дека Кристијано Роналдо е подготвен и желен за игра пред реванш осминафиналето од Лигата на шампионите со Порто. На првиот натпревар „змејовите“ победија со 2-1 на домашен терен, а Федерико Киеза во 82. минута постигна вреден гол на гости за „старата дама“.

Роналдо беше „седнат“ на клупа викендот во натпревар против Лацио, Пирло сакаше да го одмори, па тој истакна дека Португалецот е сега максимално подготвен.

„Кристијано е добро, ова е негово натпреварувње, тој е мотивиран. Тој успеа да се одмори и едвај чека да игра. Знаеме дека притисокот е врз нас, но не се плашиме. Имаме се што треба за да победиме, но не го потценуваме противникот. Сепак, ние сме Јувентус и размислуваме само да одиме понатаму“, вели Пирло.

Јувентус во моментов е трет во Серија А, а минатата сезона загуби од Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...