Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ја најави новата сезона како историска за италијанскиот клуб. Јуве минатата сезона ја освои титулата во Серија А, но повторно потфрли во Лигата на шампионите откако во осминафиналето испадна од Олимпик Лион, елиминација по која отказ доби Маурици Сари, а на негово место дојде Андреа Пирло.
„Додека се подготвувам за третата сезона во Јуве, духот и амбицијата ми се на највисоко ниво. Голови. Победа. Посветеност. Професионализам. Со сета своја сила и со драгоцена помош од соиграчите и сите во Јувентус, повторно напорно работиме да ја освоиме Италија, Европа, светот“, напиша Роналдо.
Сезоната во Серија А почнува на 19. септември, а Јуве ќе тргне во поход на 10. титула во низа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА