„Роналдо е убиствен напаѓач – Јуве е најсилен кога ќе биде потценет“

Во фокусот на втората вечер од првата нокаут рунда во борбата за титулата европски клупски фудбалски шампион, ќе биде гостувањето на Јувентус во Португалија, бидејќи главната надеж и ѕвезда на „вечниот“ италијански шампион, Кристијано Роналдо, ќе пристигне во својата татковина со цел да донесе нова поеба на тимот од Торино.

Фудбалерите на Јуве не се во најпосакувана форма, меѓутоа секогаш се мотивирани кога настапуваат во Лигата на шампиони, турнир кој веќе одамна посакуваат да го освојат. Трнерот на Порто пред медиумите изјави дека „старата дама“ никогаш не треба да биде предвреме отпишана, бидејќи тие тогаш се најсилни. Тој упати само комплименти до Роналдо и останатие играчи на Јувентус.

„Кристијано може да го одлучи натпреварот во било кое време, тој е без сомнение најдобриот играч, Роналдо е убиствен напаѓач. Мора да бидеме многу компактни и цврсти против Роналдо, но не треба да ги губиме од вид и другите играчи на Јувентус“, изјави младиот стратег на домаќинот Серхио Консеисио кој се соочува со голем тактички предизвик, полн со почит кон гостите.

Порто вечерва го пречекува Јувентус на домашен терен, а овој натпревар е закажан со почеток во 21 часот.

Се вчитува...