Роналдо е „ѕвер“: Јубилејниот 100. гол за Португалија – вистинско ремек-дело

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа зошто важи за најдобар голгетер на денешницата, во голем стил постигнувајќи го јубилејниот стоти погодок во дресот на португалската репрезентација.

Шведскиот голман во две ситуации одлично интервенираше при обидите на Роналдо, но беше немоќен при слободниот удар во 45. минута, кога Кристијано со извонреден шут ја смести топката во горниот агол од неговата мрежа.

Роналдо е само втор ас во фудбалската историја што стигнал до 100 гола на репрезентативната сцена, а сега му недостигаат само девет погодоци за да го стигне апсолутниот рекордер, легендарниот ирански репрезентативец Али Даеи.

Се вчитува...