Роналдо ги налути Италијанците – Сакам да играм само за Португалија и во Лигата на шампиони

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо го пропушти дуелот против Лече во 9. коло од Серија А кој се одигра изминатиот викенд. Јувентус на гостувањето кај Лече освои само бод (1-1), а Маурицио Сари одлучи да го поштеди својот најдобар фудбалер.

Сари изјави дека на Португалецот некогаш му е потребен одмор бидејќи има 34 години, и поради тоа мора да го чуваат за важните натпревари. Оваа одлука се најде на удар на италијанските медиуми, а „сол на раната“ додадем и самиот Роналдо со неговата изјава.

„Да ме прашувате мене, јас би ги играл само важните натпревари. Тоа се мечевите за националниот тим и Лигата на шампионите. Тоа се дуели во кои влогот и притисокот се големи. Сепак, морате да бидете професионалец и да давате максимум во клубот кој ве плаќа“, изјави Роналдо. 

Јувентус минатата сезона го доведе Роналдо во своите редови како би го освоил долго време посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Се вчитува...