Роналдо ги натажи фановите – Не знам што ќе биде…

Португалскиот ас Кристијано Роналдо ги разочара своите фанови најавувајќи дека наскоро би можел да замине во пензија. Роналдо повеќе од 10 години е во врвот на светскиот фудбал, но во февруари 2020 година ќе наполни 35 години, што значи дека се ближи крајот.

„Не сум луд. Не сум опседнат со тренинзи, успех и фудбал. Потполно сум различен него што мислат луѓето. Годините не се важни, важен е менталитетот. Претходните години почнав да уживам и во работи надвор од фудбалот, затоа не знам што ќе биде следните две или три години“, изјави Роналдо. 

Роналдо пред три години потпиша доживотен договор со „Најки“ вредем милијарда долари, со што стана трет спортист по Мајкл Џордан и Леброн Џејмс кој успеа финансиски да се осигура до крајот на животот.

Се вчитува...