Роналдо „го избриша“ Реал Мадрид

Кристијано Роналдо по девет години поминати во Реал Мадрид летово се пресели во Јувентус, во еден од најзвучните трансфери ова лето. Во Торино, тој веќе е идол уште пред да го одбележи своето официјално деби за „старата дама“.

Како што е вообичаено за секој играч кога доаѓа во нова средина и Роналдо почна да ги запознава подобро своите нови соиграчи на најпрактичниот начин, следејќи ги нивните профили на социјалните мрежи.

Медиумите забележаа дека дека Роналдо во исто време почнал да ги следи неговите нови соиграчи, тренерот и официјалниот профил на Јувентус на Инстаграм…и престанал да ги следи објавите од Реал Мадрид.

Но, иако го „избришал“ кралскиот клуб од својата листа, Роналдо на Инстаграм продолжува да ги следи неговите поранешни соиграчи од Реал Мадрид, како и претходните тренери Карло Анџелоти и Зинедин Зидан.

Се вчитува...