Роналдо го израдува Јуве: Без грижи, останувам и следната сезона

Јувентус денеска ја прослави новата шампионска титула по победата над Фиорентина, а навивачите на „старата дама“ имаат уште една голема причина за славје – откако Кристијано Роналдо објави дека нема да ги менува клупските бои во следниот преоден рок. Дел од медиумите објавија дека Роналдо е бесен по елиминацијата од ЛШ и се заканил со заминување, но Португалецот јасно стави до знаење дека својата иднина ја гледа во Торино.

„Без грижи, останува во Јувентус и во следната сезона. Ви го гарантирам тоа, 1.000% останувам“ – порача Роналдо во кратката изјава за телевизијата „ДАЗН“.

Без оглед на изјавите по елиминацијата од Ајакс, се очекува Масимилијано Алегри да не остане на клупата на Јувентус и наредната сезона, но таа одлука ќе биде официјализирана по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...