Роналдо препорача тренер што никој во Јувентус не го сака

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо изразил желба португалскиот стратег, Жозе Мурињо да седне на клупата на Јувентус, пренесуваат медиумите на Апенините.

Медиумите во Италија објавија дека Кристијано веќе зборувал со Мурињо да дојде на клупата на „старата дама“, информација по која и португалскиот стратег се јави со свое мислење.

„Еден од фудбалерите со кои сум во одличен однос ми рече дека треба да го преземам тимот во кој настапува. Јас му реков дека сум свесен дека таму не ме сакаат, на што ми рече дека се се заборава по неколку победи“, изјави Мурињо. 

Сепак, проблем во целата ситуација е што во никој во управата на Јувентус, како и навивачите, не сака да го ангажира „специјалниот“ поради дефанзивниот пристап кој не му донесе резултат во последните години, но и поради фактот дека Мурињо е тесно поврзан со Интер по тројната круна освоена пред неколку сезони.

Се вчитува...