Роналдо го советува Кутињо: Барса лошо ги третира Бразилците

Роналдо Назарио да лима, поранешниот голгетер на Милан, Интер, Барселона и Реал Мадрид, посочи дека Барселона не знае да ги третира како што треба бразилските фудбалери. Со други зборови популарниот „Ел феномено“ го советува Кутињо да се одлучи за Реал, доколку пристигнат понуди и од двата шпански гиганти.

„Се чувствував многу посреќен кога играв за Реал Мадрид. Бев повеќе поврзан со клубот, иако имав одлична година и во дресот на Барселона. Сепак, таму се сезаврши лошо, исто како како во случајот со Нејмар. Барса секогаш имала проблеми со бразилските фудбалери во својот тим, Ромарио, Роналдињо, Нејмар, со мене… Имавме лош третман, иако придонесвоме многу за клубот“, истакна Роналдо за бразилскиот медиум „Еспорте интеративо“.

Ваквите провокации пристигнуваат во време кога Барселона се обидува да го доведе Кутињо, додека Реал се обидува да го откупи Нејмар од ПСЖ, кој го напушти „Камп Ноу“ летово за 222 милиони евра.

Роналдо го носеше дресот на каталонскиот гигант во сезоната 1996/1997, додека за „кралевите“ играше од 2002 година до 2007 година. Што се однесува за бразилски претставници во клубовите, Реал на располагање ги има Кашемиро и заменик капитенот Марсело, додека Рафиња и Паулињо ги бранат боите на Барселона.

Се вчитува...