Роналдо го стигнува Малдини, пред него е само еден играч

Кристијано Роналдо ќе го предводи Јувентус на вечерашното гостување против Локомотив Москва, меч на кој Португалецот ќе се израмни со Паоло Малдини за едно врвно достигнување.

Имено, за Кристијано ова ќе биде 174. клупски натпревар во организацијата на УЕФА, исто колку што во кариерата имаше и неповторливиот дефанзивец на Милан. Пред Роналдо на оваа „вечна листа“ останува единствено голманот Икер Касилјас, кој настапувајќи за Реал Мадрид и Порто одигра вкупно 188 средби во натпреварувањата на УЕФА.

Тој поголемиот дел од средбите ги одигра во Лигата на шампионите, но има настапи и во Купот на УЕФА и во Супер-купот на Европа. Португалецот досега одигра европски натпревари со четири различни клубови, Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Се вчитува...